Рекордни 18 играчи се позитивни на коронавирус оваа недела, така што продолжувањето на натпреварувањето е под знак прашалник и постои оправдан страв дека британските власти можат повторно да ги запрат спортските настани.

Премиер лигата може повторно да биде суспендирана доколку бројот на заразени со коронавирус продолжи да се зголемува.

Натпреварот помеѓу Евертон и Манчестер сити беше откажан вчера, и не е исклучено некои од вечерашните натпревари да бидат одложени, бидејќи во клубовите се појавија голем број случаи ковид-19.

Помеѓу 9 и 15 ноември имаше 16 позитивни играчи и тоа беше рекорд, а сега има 18 и се чини дека ситуацијата не се подобрува.

Сити најверојатно нема да може да го игра претстојното дерби против Челси на 3 јануари, потоа три дена подоцна и дербито со Манчестер јунајтед во Лига купот, а не е исклучено да бидат откажани уште некои натпревари.

Имаат неколку заразени во Шефилд јунајтед, но наводно својот дуел ќе го играат вечерва против Барнли на гости.