И четврти пораз на Мундијалот во Египет, репрезентацијата на Македонија го претрпе со двоцифрена разлика.

Баш како и против Шведска во првото коло од прелиминарната фаза, нашата селекција е совладана од Русија со 32:20.

Противиникот уште во првите 15 минути од средбата го решија прашањето на победникот, кога поведе со 7:1.

Токму лошиот старт е проблемот кој ја следи Македонија низ целото СП, а тоа го истакна и селекторот Данило Брестовац на прес конференцијата по мечот:

– Имавме лош пристап во првото полувреме, што нам ни се случува петти пат на ова првенство. Имаше добри и лоши моменти, но мислам дека првото полувреме беше клучно за победата на Русија. Пристапот мора да биде посериозен. Дојдовме тука да учиме, важно ни беше да се пласираме во вториот круг. Имаме млад тим, и секој натпревар во Египет за нас е искуство повеќе – рече Брестовац.