Славното македонско фудбалско име Бошко Ѓуровски доби тренерска работа. Тој ќе биде на клупата на второлигашот од Србија, Графичар Београд. Овој клуб се натпреварува во тамошната втора лига, а Ѓуровски ќе има задача да ја стабилизира играта, но и да ја поправи, со оглед на тоа дека седум кола немаат победа.

Инаку, Графичар Београд е практично втор тим на Црвена Звезда, односно развоен тим. Екипа во која повеќето играчи се млади надежи на славниот српски тим.