Министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи, денеска во Софија имал средба со премиерот на Бугарија, Бојко Борисов. По средбата Борисов порачал дека интеграцијата на Северна Македонија, но и Албанија во Еу не смее да биде забавена. Токму поради тоа, порачал Борисов, Скопје и Софија мора да ги надминат недоразбирањата.

-Значи, и вие и ние треба да се подготвиме за преговори за разум, а не за емоции, за да можат нашите соседи да бидат во Европската унија. Геостратешката цел на Бугарија е ова, прашањето е да се најде политичка волја, и ние и вие,  нагласи Борисов на средбата.

Бугарскиот премиер додаде дека двете земји треба да чекорат по патот на дипломатијата и разбирањето.

-Хеорите, кои загинале за слобода, не смее да бидат темата, која ќе не раздели, бидејќи нивниот најдлабок сон бил да бидеме заедно и затоа ги дале своите животи. Така што тие треба да бидат мост на пријателство, а не на разединување, нагласи Борисов.

Всички противоречия между България и Република Северна Македония трябва да бъдат изгладени. Следващите поколения няма да…

Posted by Boyko Borissov on Tuesday, 16 March 2021