Бојко Борисов, актуелниот бугарски премиер и на партијата ГЕРБ, која освои најмногу гласови на неделните парламентарни избори во Бугарија, денеска го повика Слави Трифонов од партијата „Има таков народ“ да ја преземе политичката одговорност во земјата, јави МИА од Софија.

Борисов соопшти дека ГЕРБ ќе предложи влада, во согласност со бугарскиот Устав, како прва политичка сила во земјата, предвидувајќи дека нема да биде избран, по што мандатот ќе го добие партијата на Трифонов „Има таков народ“. Премиерот кажа дека најколегијално побарал од Трифонов да почне со формирање влада.

– Advertisement –

Прикажи повеќе