На официјална прес-конференција Борец од Велес зборуваа челниците на клубот кои ги потврдуваат продолжените договори со седум фудбалери од претходната сезона, но најавија и пет новајлии од мак-фудбалот.

Во редовите на Борец и следната сезона ќе остане капитенот Тале Трајков, како и Лука Трајковски, Кристијан Ефтимов, Филип Манасиевски, Ален Омерагиќ, Филип Ристовски и Ѓоре Ѓоргиев. Покрај фудбалерите кои преостануваат во велешкиот табор, челниците се пофалија и со пет нови имиња.

Три засилувања на Борец доаѓаат од силни средини од екипи кои играа во ПМФЛ, а две од ВМФЛ. Нови фудбалери кои се обврзаа на верност со велешани се Ристе Каракамишев (Силекс), Кристијан Николовски (Пелистер), Александар Ѓорѓиески (Охрид), Енсар Љума (Шкендија) и голманот Стефан Јакимовски (Кадино).

Раководството на клубот најави дека до стартот на сезоната се работи и на уште неколку засилувања со цел Борец да биде конкурентен во прволигашкото друштво.