Без сомнение, ова ќе одекне низ цела Европа и светот!

Златан Ибрахимовиќ (39) ќе се врати во репрезентацијата на Шведска кон крајот на март и ќе игра во квалификациите за Светското првенство во Катар 2022 година!

Според порталот „Фудбал Директ“, неколку извори потврдиле дека напаѓачот на Милан ќе одговори на поканата на националниот тим по пет години, бидејќи последен пат играше за Шведска во 2016 година.

Шведскиот селектор Јане Андерсон ќе го објави списокот за натпреварите на крајот на месецот против Грузија, Косово и Естонија на 18 март, а се очекува моментално повредениот Ибрахимовиќ да се опорави порано од тоа, за мечот меѓу Милан и Манчестер Јунајтед на 18 март.

Доколку Ибрахимовиќ се врати, логично е да се претпостави дека тој ќе игра на претстојното Европско првенство за Шведска, што ќе го направи турнирот уште погледан низ целиот свет.

Златан одигра дури 116 натпревари во репрезентативниот дрес и постигна 62 погодоци.

Ибрахимовиќ се повлече од националниот тим во 2016 година, веднаш по Европското првенство, а во ноември 2017 година се појавија и првите шпекулации дека ќе се врати. Тие приказни беа особено вжештени за време на Светското првенство во Русија, кога тој се надеваше на поканата на Андерсон, но тој сепак не беше дел од тимот во Русија.

Сега е можно да се врати на најголемата сцена во националниот тим.