Едно лице загина, а неколкумина се повредени во експлозија на бомба во зградата на Основниот суд во Подгорица. Според неофицијалните информации што ги пренесе „Вјести“, повикувајќи се на полициски извори, во експлозијата се повредени уште пет лица, од кои едно потешко.

Загинатиот, како што пренесе медиумот, е 39-годишник кој ја активирал експлозивната направа.

„Во 11 часот и 35 минути добивме известување дека во зградата на Основниот суд е активирана експлозивна направа и дека има повредени лица. Утврдивме дека загинал М.Б. (39) кој ја активирал експлозивната направа. Имаме уште пет повредени лица што се лекуваат во Клиничкиот центар“, рече Срѓа Кораќ од криминалистичката полиција.

Прикажи повеќе