Експлозивна направа била активирана во вторникот вечерта на Универзитетот Нортистерн во Бостон, при што е повреден четириесет и петгодишен вработен во таа институција.
Полицијата соопшти дека во близина на локалниот музеј бил пронајден уште еден сомнителен пакет, а во истрагата е вклучено и ФБИ.
Пакетот кој експлодирал е еден од двата откриени, додека полицијата успеала да го неутрализира другиот, кој бил пронајден во близина на Универзитетот, во близина на Музејот за ликовни уметности.
Ен-Би-Си објави дека пакетот експлодирал кога бил отворен, во близина на универзитетската сала каде се проучуваат правата на жените, сексуалноста и родовите односи.
Во експлозијата е ранет 45-годишен маж, инаку вработен на Универзитетот.
Наредена е евакуација на зградата каде студентите се подготвуваа за предавање на тема новинарство.
Northeastern е приватен универзитет во Бостон, со околу 16.000 студенти./Makfax