Познатиот српски кошаркар Дејан Бодирога, како што пишуваа медиумите, брзо возел со својот автомобил Масерати на автопат кон Белград.

Полицијата го запрела и утврдила дека тој возел 175 км/ч на место каде е дозволена брзина од 80 км/ч.

-Едноставно без коментар сум. Нема тоа да го коментирам, изјавил кусо Бодирога за „Блиц“.

Српските медиуми јавуваат дека на Бодирога му се заканува сериозна казна – 15 дена затвор, 15 казнени поени и забрана за возење од осум месеци.