Македонскиот кик-боксер Бобан Илиоски запиша голем успех и стана европски шампион. Во големото финале тој го совлада Христо Калајџиев од Бугарија. Македонскиот претставник запиша убедливи победи во сите борби на Европското првенство во Анталија, Турција.
Бобан Илиоски – Мартин Лоренц (Чешка) 3-0
Бобан Илиоски – Борна Манојловиќ (Хрватска) 3-0
Финале
Бобан Илиоски – Христо Калајџиев (Бугарија) 3-0
На Европското првенство и Викторија Варадинова се закити со бронзен медал./Gol.mk