Лекарската комора на Македонија на своето одбележување на 31 година од постоењето на комората додели благодарници за тимот што ја направи првата трансплантација на срце во Македонија. Посебното признание е доделено за постигнат особен придонес во развојот на трансплантацијата и органодарителството од починат донор и со тоа започнување на една нова етапа во македонското здравство.

Тимот доктори што го направи овој значаен зафат во трансплантацијата на срце е предводен од д-рЖан Митрев и проф. д-р Сашко Јовев, а заедно со д-р Никола Христов, д-р Тања Анѓушева, д-р Васил Папестиев, д-р Марјан Шокаровски, д-р Ванѓел Здравески, д-р Кјутим Џелили, д-р Стефанија Хаџиевска, д-р Надица Мехмедовиќ, д-р Весна Миташова, д-р Јасмина Илиевска, д-р Марија Гераковска и д-р Димче Славевски.

Успешната трансплантација на срце од починат донор е историски оперативен зафат кој што даде нова шанса за живот за 54 годишен пациент. Изведена е во 2021 година, во екот на пандемијата и во многу тешки услови.

Современите оперативни зафати во кардиохирургијата започнуваат од пред 20 години кога од д-р Жан Митрев беше направена и првата автотрансплантација како револуционерен оперативен зафат во медицинскиот третман на кардиолошките пациенти, а понатаму д-р Митрев продолжи и со вградување на вештачки срца што почна да се применува дури во 2020 година а е исто така е живото-спасувачки метод.