Курсот на еврото денеска е со мала промена во однос на доларот. Во меѓубанкарската трговија во Франкфурт, еврото се задржа на 1,008 долари, што е за 0,006 евра повеќе во однос на нивото пред вчерашното затворање, јавија германските медиуми за финансии.
Европската централна банка (ЕЦБ) вчера го одреди референтниот курс на еврото на 0,9990 долари, наспроти 0,9954 долари во петокот, објави ЕЦБ на својата веб-страница.
Пред две недели, на валутниот пазар вредноста на доларот во однос на кошницата валути дополнително порасна, откако растеше три недели по ред, достигнувајќи ново 20-годишно ниво.
Еврото е под притисок бидејќи рускиот енергетски гигант Газпром во петокот соопшти дека нема да продолжи со испораките на природен гас за Германија преку „Северен тек 1“ поради истекување масло. Тоа може да ја продлабочи енергетската криза во еврозоната и да ја турне економијата во рецесија. Од друга страна, рекордно високата инфлација во зоната ја притиска Европската централна банка за агресивно заострување на монетарната политика.