Битолската полиција поднесе кривична пријава против 28-годишната Т.Т. од овој град поради неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.

„Во мај 2023 година, во повеќе наврати преку посредници кои ги користела како транспорт без нивно знаење, во пакет со храна, пријавената пренесувала марихуана до осуденик во Казнено – поправната установа Затвор Битола“, информираа од МВР во дневниот билтен.