Скокна вредноста на биткоинот. Тој вреди повеќе од 40.000 долари.

Оваа крипто валута регистрираше раст од скоро 2 проценти во последното деноноќие, и цената повторно ја надмина границата од 40.000 долари. Биткоинот сега се тргува со 40.200 долари.

Биткоинот зависеше од ставовите на шефот на Тесла, Илон Маск со месеци откако компанијата најави купување биткоин од 1,5 милијарди долари. Toa се случи во февруари. Тој подоцна изјави дека производителот на електрични автомобили нема да прифати биткоин поради загриженост за тоа како рударството на валутата бара голема потрошувачка на енергија и доведува до климатските промени.