Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи се вакцинираше против коронавирусот. По вакцинацијата тој се заблагодари на лекарите. Како што е познато тој беше заразен со коронавирусот и неговата состојба тогаш беше тешка. Самиот го потврди тоа денеска изјавувајќи дека бил на раб на егзистенција и дека денеска е тука благодарение на лекарите.

„Пред неполни шест месеци, на 200 метри одовде, лежев повеќе од 11 дена на работ на мојата егзистенција и заради здравствените работници денеска имав можност да го направам тоа што треба да го направи секој еден граѓанин. Во нивно име сакам да им кажам на сите наши граѓани, пријавете се на vakcinacija.mk затоа што тоа е спасот, рече Битиќи.