Во моментов само разговараме за евентуални реформи во даночната политика и немаме конкретен предлог од никого, ниту од Владата, но сепак се прават анализи затоа што мораме да се подготвиме за следните мерки. Сметам дека има поле за разумен разговор, оцени денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Advertisements

„Секој предлог е добредојден ако оди во насока на подобрување на состојбите и квалитетот на живот на граѓаните, но Владата мора да внимава да не им стави поголем товар отколку што би добиле права граѓаните. Зголемувањето на даноците е еден вид на зголемување на приходната страна на Буџетот, но јас сум еден од тие кои уште од почеток на кризата укажа дека и во период на криза треба да продолжиме да се бориме со сивата економија зашто се покажа дека токму сивата економија беше еден од чинителите за поголемиот негативен ефект од кризата“, рече Битиќи.

Прикажи повеќе