Вицепремиерот задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи вечерва во емисијата „10 Минути“ на ТВ21 истакна дека тенденцијата за раст на цените продолжила, по што кажале дека мора да се стави крај на тоа.

„Ние утврдивме дека во овој период, и покрај сите владини мерки за помош и на стопанството, и на граѓаните дека за жал тенденцијата за раст на цените продолжи. Рековме дека мора да се стави крај, дека интересот на граѓанинот мора да биде на прво место“, вели Битиќи.

Тој додава дека токму затоа е донесена одлука за замрзнување на цената на основниот прехранбен производ а тоа е лебот.