Германската лабораторија Бионтек во вторникот предупреди дека не може да гарантира максимален ефект на својата вакцина против ковид-19 ако втората дозна се одложи односно временскиот период меѓу двете вакцини биде поголем  од пропишаните три недели.

Бионтек истакнува дека не располага со податоци кои би биле во прилог на плановите на некои земји да го поместат примањето на втората доза за, со ограничен број на залихи да можат да опфатат поголем број луѓе.

Британија оваа недела предизвика контроверзи објавувајќи дека планира за 12 недели да го одложи давањето на втората доза вакцина за да може што повеќе луѓе да добијат заштита која ја дава првата доза, а сега и Германија ја разгледува таа можност.

Двете земји, се загрижени поради новиот, вирулентен сој на коронавирусот кој се појави во Англија и веќе се прошири на другите европски земји.

„Ефикасноста и безбедноста на вакцината на клиничко тестирање испитувања е потврдена само со примени две дози и со период меѓу нив од 21 ден“, соопшти Бионтек.

„Дури и ако податоците покажуваат делумна заштита веќе на 12. ден по примањето на првата доза, нема податоци кои би укажале дека заштитата и натаму постои по 21. ден“, рече портпаролот на Бионтек.