Били Ајлиш, моментално најпопуларната тинејџерска ѕвезда во светот, целосно ги распродаде концертите низ цела Европа за нејзината долгоочекувана светска турнеја „Happier than ever“.

Иако ја најави големата турнеја пред само три дена, а ќе започне во Америка во февруари 2022 година, Били Ајлиш веќе целосно ги распродаде датумите за европски концерти.

Sвездата следното лето ќе ги посети Велика Британија, Германија, Франција и Швајцарија, а сите датуми се целосно распродадени.

Останале само околу стотина билети за датумите на концертите во Америка, а тамошните медиуми предвидуваат дека и тие билети наскоро ќе бидат продадени.

Били најави и нов албум, кој ќе излезе на 30 јули оваа година.