Неонско зелената боја на коса со која бевме навикнати да ја гледаме познатата пејачка Били Ајлиш изминатиов период, замина во минатото. Или технички, сè уште постои, но само во форма на перика.

19-годишната пејачка откри дека нејзиниот досегашен стил, всушност не била нејзината вистинска коса, туку таа користела перика.

Били реши да го сподели ова откако откако нејзините обожаватели почнаа да шпекулираат дека на доделувањето на Греми наградите пејачката носела перика.

Ова е причината зошто имам проблеми со доверба“, прокоментира еден нејзин обожавател.

Во декември минатата година, Ајлиш навести дека сака да го промени својот изглед затоа што, како што вели таа, влегува во „нова ера“ откако го објави својот документарец „Billie Eilish: The World’s A little Blurry“.

На 17 март, Ајлиш се појави со платинесто русокоса боја на косата. Кој не би сакал да направи некоја промена пред да започне ново поглавје во животот?

„Се вљубив, ова е неверојатна промена“; „Били те обожаваме со руса коса“, беа дел од коментарите на нејзините обожаватели.

ФОТО | Били Ајлиш ја промени бојата на косата: За 6 минути доби милион лајкови