Менаџерот на ВБА, Сем Алардајс апелираше Премиер лигата привремено да се прекине сезоната поради пандемијата на коронавирусот.

Популарниот Биг Сем неодамна седна на клупата на ВБА и во дебито успеа да го изненади Ливерпул играјќи 1:1, откри дека има проблеми и надвор од терените.

– Безбедноста на сите е поважна од се. Колку што слушнав на вести, мутираниот вирус е поопасен од обичниот. Пради тоа можеме да направиме само една работа, да ја прекинеме сезоната – изјави Алардајс.

Искусниот тренер изјави дека поради неговите години најмалку што му треба е да се зарази со коронавирус.
Имам 66 години и последна работа која сакам е да се заразам со коронавирус. Многу сум загрижен како за себе така и за фудбалот. Доколку прекинот на сезоната е неопходен, тоа мора да го направиме бидејќи колку и тоа тешко да ни падне, вирусот не мирува – додава Алардајс.

Причина за реакцијата на менаџерот на ВБА се 18. позитивни случаи на коронавирус во последниот круг на тестирања кај екипите во Премиер лигата.