На 93-то доделување на Оксарите во 2021 година „Zoom“ нема да биде дозволен, објавија продуцентите. За разлика од Еми наградите и доделувањето на Златниот глобус, чии добитници имаа опција наградата да ја примат во удобниот домашен амбиент, на оваа престижна церемонија тие ќе мораат да присуствуваат лично.
Продуцентите на 93-то доделување – Стивен Содерберг, Стејси Шер и Џес Колинс – им испратиле мејл на сите номинирани во кој се наведени новите правила и во кој се инсистира тие, заедно со сите мерки на безбедност, да присуствуваат на церемонијата.
Академијата планира да приреди „интимен настан“ во Лос Анџелес.
„На оние кои не се во можност да присуствуваат на церемонијата од било која причина, само сакаме да им нагласиме дека „Zoom“ опцијата нема да биде возможна“.
Продуцентите изјавија дека „преземале големи мерки“ со цел да обезбедат „сигурна и забавна вечер за сите оние кои ќе дојдат во Долби театарот“ и напоменуаат дека „виртуелниот пристап би можел да ги намали нивните напори“.
На церемонијата ќе и претходи 90-минутен коктел на кој ќе може да присуствуваат само водителите, номинираните и нивните гости.
Што се однесува за бината, тие им советуваа на идните оскаровци да не држат долги говори, да не им се обраќаат на луѓето директно и да не ги пишуваат своите говори за заблагодарување на хартија.
Да се потсетиме, 93-то доделување на Оскарите ќе се одржи на 25 април.