Се формира Совет, кој ќе биде дел од СЕФФ Форумот и ќе придонесе за кредибилни економски политики.

Иницијативата на овој Совет произлезе од средбата со понарешните министри организирана по повод новогодишните празници.

Неговата улога е да даде поддршка на Форумот преку инклузивен и транспарентен процес во градењето кредибилни макроекономски политики.

Исто така во ова средба се разменети мислења за економските перспективи, за актуелните прашања и предизвици кои произлегуваат од пандемијата со Ковид 19, енергетската криза, притисокот на цените на светската берза, но и за потребата за раст на економијата.

Во ова ново  советодавно тело ќе членуваат Фатмир Бесими, Зоран Ставрески, Џевдет Хајредини, Таки Фити, Никола Поповски, Трајко Славески и Кирил Миноски. На средбата не присуствуваше Нина Анѓеловска. Но од финасии велат дека останатите поранешни министри не присуствувале од објективни причини, а интенцијата била и тие да бидат дел од советот.

Во рамки на советот ќе се разгледуваат актуелни прашања за теми за кои што е потребен консензус во општеството.