Доколку може да се верува на италијанскиот весник „Ла Стампа“, поразот од Беневенто од 0:1 на домашен терен донел хаос во соблекувалната на Јувентус. Наводно имало бурни расправии, во кои бил вклучен и првиот човек на клубот Андреа Ањели. Тој наводно ги загубил нервите, па имал жестока вербална расправија со Пирло. Паднале и тешки зборови.

„Ла Стампа“ не открива детали од соблекувалната и имиња, но тврди дека имало и пцовки.

Добро е што има репрезентативна пауза, па ќе има време од две недели Јувентус да ги среди работите, барем во тимот, иако на табелата не оди баш добро бидејќи заостануваат 10 бодови од лидерот Интер.