Белгиското претседателство со Советот на ЕУ објави дека го активира Заедничкиот механизам на ЕУ за одговор на политички кризи за споделување податоци за надворешно мешање на избори за европратеници во јуни.

Се очекува институциите на ЕУ и европските земји да ги следат и да пријават такви обиди. Ова се очекува да ја зголеми подготвеноста и да создаде можност за брз и координиран одговор на ЕУ, се додава во соопштението.

Правилата за механизмот предвидуваат дека тој ќе биде активиран од страна на Претседателството на Советот на ЕУ или на барање на поединечна земја. Механизмот во моментов се спроведува во однос на миграциската криза и војната во Украина.