Австриската армија го претстави првото воено куче научено да го открие коронавирусот со мирисање на заштитните маски на заразените, соопшти австриското Министерство за одбрана.
Во соопштението се наведува дека белгиски овчар по име Фантази Форевер од Зеталблик учествува во програмата што би требало да открие дали кучињата можат да разликуваат здрави и заразени луѓе.
Привремениот извештај за програмата потврди дека кучето навистина може да ги препознае маските на заразените лица, пренесе ТАСС.
Првата фаза на проверка на кучето преминува во практичната фаза, се нагласува во соопштението.
Второто куче во моментов ја завршува првата фаза, додека уште две кучиња ќе ја научат оваа вештина до крајот на годината. Проектот се очекува да заврши во првото тромесечје од 2021 година, а пред тоа сите кучиња ќе ги поминат практичните тестови на маските на заразените.
Министерството за одбрана сака да донесе заклучок за тоа дали е можно да се користат кучиња во реалните услови, на пример, на аеродромите.