Белгиската полиција заплени четири тони кокаин во провинцијата Антверпен, а десет лица се уапсени, соопшти канцеларијата на локалниот јавен обвинител.

Advertisements

Локалната полиција пред два дена забележала сомнителна активност во близина на холандската граница, кога неколку автомобили со холандски регистерски таблички заминувале и се враќале во Равелс, град во провинцијата Антверпен, пренесе „Бриселс тајмс“.

Полициските патроли успеале да пресретнат еден од тие автомобили, во кој се возеле двајца холандски државјани.

Еден од нив на холандската полиција и е познат поради дела поврзани со дрога, а веднаш потоа полицијата уапсила маж на возраст од триесет години кој се обидел да избега.

Полицијата подоцна упаднала во куќа и пронашла уште седум лица покрај контејнер со 68 вреќи кокаин.

Прикажи повеќе