Американскиот претседател Џо Бајден во следниот период ќе разговара со кинескиот челник Кси Џинпинг, изјави во понеделникот советникот за национална безбедност во Бeлата Kуќа, Џејк Саливан.

„Не можам да ви дадам датум. Бидејќи датумот не е одреден, но претседателот, но претседателот Бајден искажа подготвеност за телефонски разговор со претседателот Кси“, изјави Саливан

Во понеделникот во Пекинг заврши деветдневното заседавање на парламентот со учеството на речиси 3.000 делегати коишто на Кси му го потврдија рекордниот трет мандат на чело на владејачката Комунистичка партија и на земјата, како и значителното зголемување на овластувањата.

Медиумите забележаа дека Кси во текот на своето обраќање имал невообичаено остар тон кон САД ѓ, обвинувајќи го Вашингтон и ткн колективен Запад дека се обидуваат да го спречат подемот на Кина во светот со стратегијата на воздржување.

Прикажи повеќе