Герет Бејл зборуваше на собирот во Велс во пресрет на натпреварот против Белорусија.

Тој исто така ја искористи можноста да зборува за неговото враќање во Реал Мадрид.

„Отсекогаш сум имал одлични односи со Карло. Имав добра предсезона и добар почеток на сезоната“.

Бејл зборуваше и за престојот во Тотенхем.

„Важно е да се биде во добра средина и тоа е главната причина зошто отидов во Тотенхем. Морав да дишам во тоа време и одењето во Тотенхем беше најефикасниот избор. Многу ми помогна да се опоравам. Сега се враќам во Реал, каде што дефинитивно има подобра клима за мене од сите гледишта“.