Бебе старо само две недели во петокот вечерта било пронајдено во домот на едно семејство до Загреб. Бебето некој го оставил во нивната куќа.

Итна помош го однела бебето во Клиничкиот центар во Загреб каде е згрижено и е во одлична здравствена состојба.

Засега нема информации кој го оставил бебето во семејниот дом, полицијата само го потврдила случајот.

Девојката која го нашла за „24 сата“ изјавил дека кога стигнала дома на долниот кат од куќата, кој не го користеле, видела дека светлото е запалено, а знаела дека дома нема никој. Кога влегла внатре слушнала детски плач, а потоа во бебешката количка на нејзината сестра видела дека има бебе.

-Беше студено и помодрено. Го земав ќебето на сестра ми и го замотав. Беше момче, само завиткано во чаршаф и така оставено. Се качив на горниот кат, каде живееме и веднаш ја повикав мајка ми. Целото семејство дојде, раскажува девојката.

Доколку не се најдат набрзо родителите, бебето ќе заврши во дом за незгрижени деца бидејќи нема потреба да биде зафржано во болница.