Баскет Кам 2011 и Бадел 1862 го отворија женскиот дел од завршниот турнир во Купот на Македонија. Ланските финалисти сега се пресметаа рано, а во финалето се пласира Баскет Кам 2011 со триумф од 70:61. Екипата од Македонска Каменица беше поуспешна и утре од 16.30 часот ќе игра против подобриот од натпреварот Вардар – МЗТ Скопје.
Избраничките на тренерот Златко Гоцевски брзо стигнаа до позитива од осум поени 19:11, а на полувреме заминаа со предност од 34:25.
Баскет Кам стогна и до највисока предност (51:36) во средината на третата четвртина и Бадел не можеше да се врати резултатски до крајот./Makfax/