Во ќор сокак се заглавени преговорите на релација ПСЖ-Лионел Меси. Се погласни се шпекулациите дека aргентинецот ќе го напушти Париз како слободен играч. Доколку се случи тоа прашање е каде ќе ја продолжи кариерата и дали постои шанса да се врати во Барселона.

Барселона сака да го врати Меси, но финансиската ситуација во клубот е лоша. Ла Лига на клубот му наложи дополнително да го намали буџетот за плати.

„Ми беше кажано дека Меси и Барселона разговараат за враќање во јуни. Не знам ништо повеќе за тоа, ниту дали тоа ќе биде можно“, изјави новинарот на „АС“, Хоакин Марото за радиото „Кадена СЕР“.

Според германски „Билд“, Каталонците веќе имаат разработен план за враќање на големата ѕвезда на клубот. Барселона наводно му понудила на Меси двегодишен договор.

Новинарите додаваат дека тој би земал минимална плата, која целосно би одела на неговата сметка. Не е познато како аргентинецот реагирал на оваа идеја. Сепак, извесно е дека најголемата пречка во разговорите ќе биде финансискиот дел./Makfax

Прикажи повеќе