Со сите средства, Барселона се обидува да заштеди и да ја подобри финансиската слика и конечно да обезбеди услови за нов договор за Лионел Меси.

Каталонците планираат да ги продадат трите sвезди на кои потрошија над 300 милиони евра.

Како што објави каталонскиот „Спорт“, управата на клубот избра тројца играчи кои сигурно ќе си заминат ова лето. Првиот е Филипе Кутињо. Бразилецот, купен за 100 милиони евра, е една од најголемите грешки на Барселона во последните неколку години.

Играчот од средниот ред не покажа скоро ништо од почетокот на својата авантура во Барселона, за да замине на позајмица во Баерн во сезоната 2019/2020, но клубот одлучи да не го откупи.

Минатата сезона одигра само 14 натпревари, постигна четири гола со три асистенции, но многу се бореше со повредата на коленото.

Втор на листата на продажба е Усман Дебеле, кој дојде од Борусија Дортмунд за 120 милиони евра. Иако игра на „Камп Ноу“ веќе четири години, се смета дека не ги исполнил целосно очекувањата, што не е ни чудно бидејќи му беше исплатена неверојатна цифра.

Третата sвезда што е продадена е Антоан Гризман. Според шпанските медиуми, Барселона работи на размена со Атлетико Мадрид. Французинот би се вратил дома, додека Барселона би добила Саул Нигез и 15 милиони евра.

За триото беа исплатени 300 милиони евра, но Барселона ќе добие далеку помалку пари за нивната продажба.