Претседателот на Барселона, an

Жоан Лапорта, вчера објави дека ќе започне да носи поригорозни одлуки во врска со играчкиот и тренерскиот штаб веќе следната недела.

Многумина веруваат дека Лапорта на крајот од сезоната ќе одлучи да го отпушти Роналд Куман, кој не ги оправда очекувањата откако пред една година беше избран за нов тренер на Барселона.

Исто така, јасно е дека ќе има промена во играчкиот кадар на Барселона бидејќи некои играчи се веќе отпишани.

Каталонски Спорт денес објави дека целта на Лапорта е прво да го реши проблемот околу тренерот, а дали Куман ќе остане или ќе дојде некој друг, сигурно ќе се знае во наредните недели.

После тоа, Барселона ќе претрпи тотален ремонт на играчкиот кадар, а се чини дека Лапорта успеа да го реши најголемиот проблем, а тоа е Лионел Меси, кој очигледно ќе потпише нов договор.

Летниот преоден рок сигурно ќе биде многу турбулентен за Каталонците и ќе биде интересно да се види кој ќе го напушти клубот и кој ќе дојде на Камп Ноу.

Спорт објави дека само осум играчи во Барселона се „безбедни“ што се однесува до преодниот рок и дека тие нема да бидат на трансфер листата, како што ќе биде случајот со другите играчи на овој клуб.

Лапорта одлучи Меси, Тер Штеген, Де Јонг, Араухо, Мингуеза, Педри, Ансу Фати и Илеикс Мориба да не бидат на трансфер листата.

Ситуацијата е особено тешка кога станува збор за Пике, Серхио Бускетс, Жорди Алба и Серхи Роберто. Клубот сака да се согласат на значително помала плата отколку што моментално имаат, а доколку одбијат, сигурно ќе бидат на трансфер листата.

Јасно е дека не сите играчи од трансфер листата ќе го напуштат клубот, но очигледно е дека Барселона ќе ги разгледа сите понуди што доаѓаат за нив.