Драматичните натпревари во Евролигата продолжуваат. Откако денешните први две средби донесоа неверојани завршници, во ист ритам продолжи и кошаркарското „ел класико“ помеѓу Барселона и Реал Мадрид кое заврши со победа на каталонците од 75-73.

Барселона беше доминантна во текот на целиот натпревари и во еден момент имаше предност од 18 поени, на пет минути до крајот на мечот и предност од 70-58, но следеше неверојатен камбек на Реал Мадрид. „Кралевите“ не само што успеаја да стигнат до негатива од еден напад, туку ним и припадна и последниот обид на средбата, но Љуљ не успеа да реализира за три поени, реализиција која ќе значеше победа.

Шанли со 14 поени и 3 скока беше лидер на Барселона, додека 21 поен и 3 скока за Реал Мадрид постигна Дек.

На победа од 66-63 се радуваше новлијата во првенството, Вирутс кој благодарние на одличната игра во последната четвртина го скрши отпорот на Баерн Минхен за прва победа во Евролигата.

Лундберг ја предводеше Болоња со 13 поени и 2 скока, додека Вајлер-Веб со 16 поени, 5 скока и 4 асистенции беше лидер на Баерн Минхен.

Прикажи повеќе