Продуцентската куќа на Барак и Мишел Обама најави шест нови проекти во соработка со Нетфликс, односно четири филма и две серии.

Продуцентската куќа на Обама „Higher Ground Productions“ ќе го адаптира романот на британско-пакистанскиот автор Мохсин Хамид -„Exit West“ во филм, се вели во соопштението на Нетфликс. Книгата зборува за млад пар кој наоѓа магична врата што ќе ги пресели на други места во средината на светската бегалска криза.

Другите филмски проекти го вклучуваат научно-фантастичен филм наречен „Satelit“, кој ќе биде во соработка со режисерот на „Star Wars“ Рајан Џонсон и продуцентот Рам Бергман.

Filmot „Tenzing“ ја раскажува приказната за непалско – индиски шерпас кој прв го искачил врвот на Монт Еверест со Едмунд Хилари од Нов Зеланд, а „The Young Wife“ е игран филм кој ги прикажува чувствата на жената на денот на нејзината венчавка.

Компанијата развива и две телевизиски серии. „The Fireman’s Daughter“ е трилер според романот на Анџелина Булеј за осумнаесетгодишен член на племето Оџибва, кој неволно оди на тајна задача во полициска истрага, додека втората серија ќе биде документарец за национални паркови.

Нетфликс соопшти дека проектите ќе бидат објавени во следните неколку години, но не ги прецизираше точните датуми на објавување, пренесува Ројтерс.