Американскиот претседател Џо Бајден вчера беше на самитот во Јапонија, каде што беа и лидеррите на Индија, Австралија и Јапонија.
„Ова е мрачен момент во нашата заедничка историја. Бруталната војна на Русија против Украина предизвика хуманитарна катастрофа. Невини цивили се убиваат на улиците, а милиони луѓе мораа да заминат од домовите“, кажа Бајден.
Бајден предупреди дека Путин во Украина се обидува да ја уништи културата затоа што гаѓа училишта, цркви и музеи.