Претседателот на Соединетите Американски Држави Џо Бајден побара од Србија и претседателот Александар Вучиќ да го признае Косово. Во честитката испратена по повод националниот ден на Србија, 15 февруари, претседателот Бајден му напиша на Вучиќ дека САД остануваат цврсти во поддршката за евроинтеграциите на Србија.

Ве охрабруваме да продолжите да преземате силни чекори напред за да ја постигнете таа цел – вклучително и воспоставување на потребните реформи и постигнување на сеопфатен договор за нормализација со Косово, фокусиран на меѓусебно признавање. Силата на нашата врска е изградена врз длабока историја на односите меѓу луѓето, кои се борат како сојузници во двете Светски војни, и ние го цениме големиот придонес што Србите го дадоа во американското општество во многу области – изјави Јозеф Бајден, претседател на Соединетите држави.

– Advertisement –

Веднаш следуваше реакција на српскиот претседател Александар Вучиќ. Тој за српските медиуми изјави дека меѓусебното признавање не е споменато во ниту еден акт на светските организации.

Добив честитка од претседателот Бајден. Што се однесува до меѓусебното признавање, тоа не е наведено во ниту еден акт на светските организации. Имаше обиди да се наметне тој термин како нешто што требаше да го прифатиме како конечно решение. Но, им реков што мислам за меѓусебното признавање – рече Александар Вучиќ, претседател на Србија.

Реагираше и косовската страна. Премиерот Абдула Хоти, коментирајќи го писмото на претседателот Бајден, рече дека тоа го запечатува пријателството на САД со Косово.

Писмот од претседателот на Соединетите американски држави го запечати ова пријателство. Верувам дека сме благословени како граѓани со овие пријателства што ги имаме – нагласи Абдула Хоти, премиер на Косово.

На состанокот во Вашингтон во септември минатата година, српскиот претседател Вучиќ негираше меѓусебно признавање, а терминот не беше вклучен во договорот за Вашингтон.

Мефаил Исмаили