Претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден, изјави дека неговата администрација има намера да го прифати предлогот на Националната фудбалска лига (НФЛ) за масовна вакцинација против вирусот корона на стадионите за американски фудбал.

Откако заврши сезоната, од НФЛ лигата понудиле стадионите на клубовите да се користат за масовна вакцинација, а Бајден за CBS одговорил дека ќе го извести својот тим за здравство дека стадионите се достапни, изразувајќи уверување дека истите ќе бидат искористени.

– Advertisement –

Прикажи повеќе