Фејзи Азири, еден од осудените во случајот Монструм, има даде рок од десет дена на обвинителите да ги презентираат докази за вистинските нарачатеи и организатори на убиството кај Смилковско езеро или во спротивно доказите самиот ќе ги сподели со меѓународната заедница.

„Да му приложам докази за нарачателите на убиството, за организаторите на убиството на овој предмет, за помагачите со име и презиме и со прецизни докази.“, рече Азири пред судот.

Адвокатите на осудените најавија жалби за затворските казни до Апелациониот суд, повикувајќи се на пресудата од Врховниот суд, кој ги ослободи обвинетите.

Адвокатот Насер Рауфи е уверен дека Северна Македонија после пресудите е уште подалеку од владеењето на правото.

„Очигледно дека во судот навистина треба, па и во обвинителството едно добро прочистување.“, додаде Рауфи.

Кривичниот суд во 2014 година пресуди доживотен затвор за шест лица, меѓу нив беше и Сами Љута за кого сега обвинението е повлечено и е на слобода.

Доживотен затвор сега има за тројца од обвинетите. Врховниот суд во 2017 година ги укина казните за случајот и судењето го врати на почеток, поради нови околности.