Трикратниот олимписки шампион, Австриецот Матијас Мајер, ја шокираше светската јавност, пред стартот на денешната трка во супер-џи во Бормио. Мајер објави дека става крај на успешната кариера. На 32-годишна возраст, Мајер го напушта скијањето среде сезоната со завидни достигнувања во дванаесетгодишната кариера.

Advertisements

Tој освои четири олимписки медали, вклучувајќи три златни (супер-џи во 2018 и 2022 година, спуст во 2014 година, бронза во спуст во 2022 година) , и 45 пати се искачи на подиумот, вклучувајќи 11 победи на Светскиот куп.

“Минатата сезона беше прекрасна, трет пат станав олимписки шампион, добро влегов и во оваа сезона. Среќен сум. Но, доста ми е. Денеска го направив последниот преглед, повеќе ја немам потребната желба”, изјави тој за австриската телевизија ОРФ непосредно пред почетокот на траката во Бормио.

Прикажи повеќе