Австрија е во преговори со Русија за купување на еден милион дози вакцина Спотник V за коронавирус, пренесува Еуроњуз.

Како што пренесува агенцијата, канцеларот Себастијан Курц изјавил дека набавката ќе овозможи 500.000 луѓе да се вакцинираат почнувајќи од април. Во соопштението од неговиот кабинет се вели дека 300.000 дози на Спутник V ќе бидат испорачани во април, други 500.000 во мај и 200.000 дози на почетокот на јуни.

– Advertisement –

„Доколку Австрија добие еден милион дополнителни дози вакцини, ќе можеме побрзо да се вратиме во нормалноста, да спасиме многу животи и работни места“, навел Курц.

Руската вакцина во моментов е на разгледување од Европската агенција за лекови и сè уште не е одобрена за употреба во Унијата.

Сепак, Унгарија веќе започна да ги имунизира граѓаните со вакцината, додека другите земји-членки – Словачка и Чешка, исто така, започнаа преговори за дополнување на резервите на вакцини надвор од ЕУ.

Според „Рускиот фонд за суверено богатство“, Спутник V е овластен во 58 земји вкупно, но европските земји ја обвинија Москва дека ја користи својата вакцина како геополитичка алатка.

„Не треба да има геополитички граници“, рече Курц во вторникот, единственото нешто што треба да биде важно е дали вакцината е ефикасна и безбедна, додава тој.

Австрискиот канцелар претходно разговараше за можноста за купување на Спутник V и за време на телефонскиот разговор со рускиот претседател Владимир Путин.