Австралија ќе ги суспендира директните патнички летови од Индија до 15 мај, поради зголемениот број на заболени од коронавирус, изјавил премиерот Скот Морисон.

Индија веќе шести ден има над 300.000 новозаболени на дневно ниво.

По бројот на потврдени случаи на Ковид-19, Индија по САД е на второто место во светот.