Стефановиќ потврди дека сопственикот на авионот е украинска компанија, а оружјето го испраќал приватниот српски производител на оружје „Валир“. Тој рече дека авионот носел минофрлачки бомби и мини.
Стефановиќ додаде дека авионот полетал од Ниш синоќа околу 20:40 часот и превезувал муниција за Министерството за одбрана на Бангладеш, биле планирани технички слетувања во Аман, Ријад и Ахмедабад, а требало да слета во Дака.„Овој авион ги имаше сите соодветни дозволи, се во согласност со меѓународните прописи“, рече Стефановиќ.
Локалните жители, како што јавија грчки медиуми, пријавиле дека виделе оган и слушале експлозии два часа по несреќата./slobodnaevropa/