Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж (49) нема да биде екстрадиран во САД под обвинение дека бил шпион, изјави денеска британската судијка Ванеса Бараитсер, објаснувајќи дека тоа би било репресивна мерка поради неговата психичка состојба.

Бараитсер денеска изјави дека Асанж најверојатно ќе изврши самоубиство доколку биде екстрадиран во САД.

Владата на САД соопшти дека ќе се жали на пресудата.