Австрија ќе мора без Марко Арнаутовиќ на тест-мечот во среда во Мидлсборо против Англија.

„Ние сериозно ја сфаќаме неговата повреда на мускулот и сме на добар пат да ја средиме до ЕП“, изјавил Фидлер.

Тимот предводен од Франко Фода како и сите останати учесници ќе одигра пријателски средби како најава на турнирот. Првата е закажана оваа среда против Англија. На натпреварот не се очекува да се појави Марко Арнаутовиќ.

Австријците се надеваат дека Арнаутовиќ ќе биде подготвен за премиерата на ЕП против Македонија, на 13. јуни во Букурешт од 18 часот.