Вчера околу 22.00 часот на подрачје на Драчево, полициски службеници од Полициската станица Драчево го лишиле од слобода 39-годишниот А.Т. од Скопје, затоа што физички нападнал полициски службеник кој вршел службени дејствија, извести МВР.

– Исто така, при извршена контрола било констатирано дека А.Т. бил баран со централна потерница за издржување затворска казна во врска со кривично дело по член 247 од Кривичниот законик, додаде МВР.