СОСТОЈКИ:
– 150 г брашно
– ½ лажичка прашок за печиво
– 2 лажици шеќер во прав
– 2 јајца
– 1 лажица масло
– 180 мл млеко
– малку екстракт од ванила

ЗА ДЕКОРЦИЈА:
– јаворов сируп
– шеќер во прав
– сладолед
– ситно овошје

ПОДГОТОВКА:
Просејте го брашното и прашокот за печиво во сад и додајте го шеќерот. Во средна направете дупка, додајте ги јајцата и маслото. Замешајте со маталка, додајте ја ванилата и мешајте да се соединат состојките. Тестото најдобро е веднаш да го користите. Во тава на тивко ставете два метални калапа, попрскајте со масло на тавата и внатрешноста на калапите. Во калапите ставете од смесата до ¾ од калапот. Поклопете ја тавата со капак и печете ги на тивко 10 минути. Потоа полека превртете ги заедно со калапот и печете ги уште 1-2 минути од другата страна. Пред служење посипете ги со шеќер во прав, сервирајте ги по желба со некој од избраните додатоци.