
Најголемите енергетски општествени компании, ЕЛЕМ и МЕПСО, поради недомаќинско работење се потонати во долгови, вели во интервјуто за емисијата „Економски Магазин“, Стевче Антовски од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Како што оценува тој, таквата состојба се должи на недомаќинско работење и на теснопартиски интереси на менаџментот на компаниите.
„Нивната финансиска сотојба е катастрофална. АД МЕПСО е со генерирани загуби од 6 милиони евра за 2020 година. АД ЕЛЕМ, имам информации дека е со загуби од 25 милиони евра. Ова се должи на едно недомаќинско, нестручно менаџирање на овие компании, коешто се заснова на лично-партиски интереси“, вели Антовски.